Грант од 45 милиони евра за Демир Капија-Смоквица

Bez autora
Dec 11 2011

Европската комисија и става на Македонија на располагање 59,5 милиони евра. Од овој грант, 45 милиони евра се за заокружување на финансиската конструкција за изградба на автопатската делница Демир Капија-Смоквица и 14,5 милиони евра за изградба на пречистителна станица во Прилеп. Договорите за двата инфраструктурни проекти во Скопје ги потпишаа вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, министрите за транспорт и врски и за животна средина, Миле Јанакиески и Абдилаќим Адеми и директорот за регионална политика на ЕУ Жан-Мари Сејлер. Ова се само два од повеќето проекти што ќе се реализираат во рамки на третата регионална компонента од инструментот за претпристапна помош што е во вкупен износ од 202 милиони евра, со кои ќе финансираме дополнителни проекти од областа на патниот и железничкиот сообраќај. Се надевам на финансиска поддршка во делот на железничкиот сообраќај и значајните проекти кои ги имаме за следната година во однос на Коридорот 8 и проекти поврзани со третманот на отпадни води и управување со отпад.

Грант од 45 милиони евра за Демир Капија-СмоквицаЕвропската комисија и става на Македонија на располагање 59,5 милиони евра. Од овој грант, 45 милиони евра се за заокружување на финансиската конструкција за изградба на автопатската делница Демир Капија-Смоквица и 14,5 милиони евра за изградба на пречистителна станица во Прилеп.

Договорите за двата инфраструктурни проекти во Скопје ги потпишаа вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, министрите за транспорт и врски и за животна средина, Миле Јанакиески и Абдилаќим Адеми и директорот за регионална политика на ЕУ Жан-Мари Сејлер.

- Ова се само два од повеќето проекти што ќе се реализираат во рамки на третата регионална компонента од инструментот за претпристапна помош што е во вкупен износ од 202 милиони евра, со кои ќе финансираме дополнителни проекти од областа на патниот и железничкиот сообраќај. Се надевам на финансиска поддршка во делот на железничкиот сообраќај и значајните проекти кои ги имаме за следната година во однос на Коридорот 8 и проекти поврзани со третманот на отпадни води и управување со отпад - рече Ставрески.

За автопатската делница Демир Капија-Смоквица се обезбедени и 130 милиони евра од ЕИБ, 90 милиони евра од ЕБОР, како и шест милиони евра од македонската Агенција за државни патишта. По завршување на тендерот за избор на изведувачот на градежните работи, на кој понуди доставија 15 компании, според Ставрески, до средината на следната година треба да заврши постапката околу евалуацијата и изборот на компанијата и да почне изградбата.

За директорот за регионален развој при Директоратот во ЕУ, Жан-Мари Сејлер, изградбата на автопатската делница од Коридорот 10 е важна за Македонија, нејзините соседи и за ЕУ.

- Ова е почеток и по овие два, се надеваме дека во иднина ќе продолжиме со уште повеќе проекти за да ја достигнеме вистинската цел - посочи Сејлер која одговарајќи на новинарско прашање образложи дека домашните компании не можат да бидат дел од вакви проекти, но за некои помали, за кои нема толку високи критериуми тие ќе можат да конкурираат.

Министерот за транспорт Јанакиески очекува изградбата на новата автопатска делница Демир Капија Смоквица која треба да се реализира како целосно автопатско решение, да трае четири години, односно целиот проект да се заврши до крајот на 2017 година.

- Се работи за сложен проект, но многу значаен кој се очекува да придонесе не само за развојот на Македонија, туку и за цела Југоисточна Европа - оцени Јанакиески.

Министерот Адеми наведе оти е убеден дека кон средината на следната година ќе може да почне изградбата на пречистителната станица во Прилеп.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik